Бизнис
14. January 2018 - 16:29

Воз од Скопје до Солун за викенд

Директен воз до Солун само за викенд. Македонската железница добила известување од грчките колеги дека експресниот воз кој сообраќа на релација Солун –Белград и обратно од 12 јануари во текот на неделата однсоно од понеделник  до петок ќе вози само до Гевгелија, а за време на викенд ќе оди дирекно до Солун.

Од МЖ Транспорт велат дека  во Грција е донесна ваква одлука поради тоа што железницата таму се соочува со проблеми кај персоналот за работа.

Кога ќе  пристигнат патниците до Гевгелија одредени компании се пријавиле да превземат обврска со автобус да ги пренесуваат патниците до Солун.

Од менаџментот на МЖ Транспорт се надеваат дека грчките колеги ќе ги решат проблемите и оваа линија ќе ја воведат во текот на целата недела, затоа што има доста макеоднски државјани кои ја користат оваа релација.

Претходно оваа линија  беше целосно во прекин.

Поради штрајк на работниците за повисоки плати и подобри услови за работа грчката железница неколку пати во последниве годни беше во целосен застој, поради што македонската железница се соочи со финансиски проблеми.