Македонија
13. November 2019 - 10:29

Возило излета од патот Струмица – Валандово, возачот тешко повреден

Вчера во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.