Вознемирувачки видеа од тепање на пациент во Психијатриската болница Бардовци
Видеата на кои се гледа како пациенти од психијатриската болница Бардовци тепаат новодојден пациент, ги крена институциите на нозе.
МВР работи на расчистување на случајот, Државниот здравствен и санитарен инспекторат утворо влезе во вондреден надзор
Надлежните меѓудругото треба да утврдат и дали навистина вака им посакуваат добредојде на сите нови пациенти
Инцидентот го потврди и директорот на институцијата. Преку фб статус Арифи појасни дека се работи за пациенти сместени во судското одделение каде лежат лица осудени за убиство и обиди за убиство, но уверува дека се превземени сите мерки за да се заштитат пациентите.
Она што може да се забележи од социјалните медиуми, видеата се објавени од Димитар Спасов, неготинецот кој во 2012тата на само 23 години ја уби својата мајка па ја фрли во контејнер, а за убиството се пофали преку ФБ. Со пресуда на велешкиот суд Спасов тогаш беше упатен на трајно лекување во психијатриската установа во Бардовци.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар