Живот
6. April 2017 - 15:00

Вознемирувачко: Очув се изживувал врз тригодишно дете, гасел цигари по него, мајката знаела и молчела

Страшни фотографии од тригодишно дете од Тајланд кое медиумите го претставија под името „Орт“ покажуваат ужасно физично насилство кое истрпело детето од очувот кој го тепал и сечел и по него гасел цигари.

Неиуменуваниот човек по апсењето е задржен во притвор, а кутрото дете задржано во Центарот за социјални работи.

Интересно е што првите фотографии за маченото дете ги направил фотограф кој случајно го забележал во кварт близу Бангкок, а кога фотографиите стигнаа на интернет станаа вирални, па властите лесно го најдоа детет и го спасија од канџите на болниот родител.

Foto: Profimedia/Exclusivepix

Кога првпат е забележано, детето било со својата мајка, која подоцна признала дека не го пријавувала насилството зошто се плашела за својата безбедност.

Таа објасни дека нејзиниот партнер, кој не му е татко на детето, инаку е наркоман кој веднаш по вселувањето станал насилен, а потоа го тепал и мачел детето на сите лоши можни начини.

Foto: Profimedia/Exclusivepix

Откако го спасиле детето, лекарите констатираа дека по целото тело има модрици и исеченции, посебно на грбот и тоа некои свежи, а некои во вид на лузни. Исто така имал свежа исеченциа на лицето, како и лузни од гасење на цигари по него.

Случајот го презеде Павена Хонгсакул Фондацијата, која се занимава со деца - жртви на семејно злоставување, а дете сега е одземено од мајката, а очувот е во протвор.