Вработените во „Еурокомпозит“ бараат конечно решение за нивниот проблем
Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ бараат конечно решение за нивниот проблем, односно згрижување на 64-те лица кои не земаат плати, на кои не им се исплаќаат придонеси и речиси два месеца се на принуден одмор. Тие денеска повторно се собраа во дворот на фабриката за да бараат решение од Владата.
Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот категорично вели дека бараат да им се реши ситуацијата на работниците.
– Повеќе од четири-пет месеци немаме никаква работа и не знаеме што да правиме. Работа немаме, нема ниту здравствено осигурување, директорите седат во канцелариите, а работниците се пуштени на принуден одмор. На принуден одмор сме речиси два месеца и не се знае до кога. Бараме од Владата да ја сфати сериозно ситуацијата. Може да ги пратат како стечајци и овие 64 вработени, па потоа нека наоѓаат решение за фирмата или нешто друго, но да се најде решение. Значи, бараме да се згрижат овие 64 работници, изјави Богданоски.
Законот за подмирување на заостанатите придонеси е донесен, но, нагласува Богданоски не е ефектуиран зашто нема претставник на државниот капитал.
-Законот за придонесите не може да се примени, зашто претставникот на државниот капитал на 3-4 декември минатата година е повлечен од функцијата, а без претставникот не можело да се свика Собрание на акционерите за да се реши проблемот. Имаше ветување дека ќе се назначи нов претставник за брзо време, но од тоа досега нема ништо, рече Богданоски.
Што се однесува до платите, немаат земено за целата мината година, туку им се исплаќаат пари од заостанатите плати.
-Земаме нешто линеарно и тоа е од заостанати плати, а всушност немаме плата земено за цела 2019 година. Имаме за земање од заостанатите плати по три до 4000 илјади евра и со минатата година се пет до 6000 евра, изјави Богданоски.
Работникот Горан Велески смета дека надлежните на сите нивни молби да ја решат ситуацијата, се оглушиле.
-Подолг период ги молиме директорот, од Управниот одбор, сите пратеници да ни помогнат. Оставени сме на улица. Ниту вработени сме, ниту невработени, изјави Велески.
Работниците имаат сознанија дека се продавале репроматеријали на други фирми, а ним би им требале за работа.
Инаку, од фабриката технолошки вишок заминаа 154 вработени. Сегашните работници најавуваат протести за решавање на проблемите.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште