Loading Video...
Кошарка
31. May 2018 - 19:43

Време е за НБА финале

Ноќеска во НБА лигата стартува  68.финале за шампионската титула. Серијата до 4 победи стартува на теренот на шампионот Голден Стејт.

                Кливленд и Голден Стејт го играат  четвртото финале во серија што потврдува дека се најдобри екипи во моментот во најсилната кошаркарска лига.

                Шампионот е фаворит  а според многу показатели еден од најважните елементи во играта  според експертите ќе биде ударот за три поени. Доколку Кливленд успее да се наметне како шутерска екипа има добри шанси да освои нова титула во спротивно рано ќе го загуби финалето.   За добрите познавачи на коњаниците нема да им биде доволен извонредниот Леброн Џејмс кој против себе ќе ги има еден Кевин Дурент, Стеф Кари, Томпсон  и дружината. Затоа финалето се очекува да биде ефикасно и возбудливо.   Многу појасна слика ќе се добие вечерва кога ќе се види дали ќе истрчаат Кевин Лав во редовите на Кливленд односно Андре Игудала кај Голден Стејт. Тоа се важни кошаркари во двата тима и токму тука можеби е шансата на Кливленд неиграњето на Игудала кој пропушти дури 4 меча  против Хјустон а важи како дефанзивец кој може да го запре Леброн Џејмс.

                Првата средба се игра во три часот по полноќ во Провиденс.