-->
-->
Време е за „рестарт“ и кај трансферите
-->
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд верува дека клубовите нема да трошат стотици милиони унти во наредниот преоден рок. Според него сите ја чувствуваа финансиската криза што ја предизвика коронавирусот.
Англиските медиуми изминатиов месец со Манчестер Јунајтед поврзуваат неколку врвни фудбалери, чија вредност на пазарот изнесува преку 100 милиони евра. Хари Кејн е проценет на 200 милиони евра, Џејдон Санчо на 130 милиони евра, Жоао Феликс вреди 120 милиони евра, а Саул Нигез има откупна клаузула од 150 милиони евра.
„Преодниот рок за ниту еден клуб нема да биде како досега, нема да биде „вообичаена работа“. Како и секогаш наш приоритет е да имаме успешен клуб, но мораме да бидеме свесни како оваа ситуација влијае врз целата индустрија“, рекол Вудворд.
„Имам впечаток дека оние што најавуваат трансфери од стотина милиони евра ја игнорираат реалноста со која се соочува спортот“.
Фудбалската сезона во Англија е прекината на 13 март поради што сите клубови трпат големи финансиски загуби.
Нема најави кога би можела да продолжи сезоната во Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците