Македонија
4. December 2015 - 8:46

Времен прекин на сообраќајот на патот Пресека - Врбјани

Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека село Врбјани, денеска од 12:30 до 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин  во интервали од 15 до 20 минути.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.