Времето денес ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), заради ниските температури, ќе има и појава на голомразица.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 1 степен.
За време на викендот и на почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.
Ново на Сител
-
Гостиварец присилувал Македонка и Русинка да даваат сексуални услуги, за подолго да работат им давал кокаин
-
Претреси во КПУ Штип: Пронајдени дрога, оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи
-
Високи температури до крајот на неделава
-
Судот во Луизијана го блокираше законот за забрана на абортусот
-
Забранет влез во Русија и за сопругата и ќерката на Бајден
-
Адеми: Не чувствувам лична вина за инцидентот, виновни се Милошоски и опозициските пратеници
-
Стојаноска: ЈО да реагира, бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми
-
Се урна спортски авион на хрватскиот остров Брач