Македонија
13. May 2018 - 18:35

Времето со нови изненадувања - УХМР објави какво време не очекува следната недела

До крајот на денот на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, која ќе биде проследена со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и силен ветер, информира УХМР. На некои места се очекува да има појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, повремено ќе се засилува.

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 23 до 28 степена.

Во Скопје ќе има услови краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 26 степени.

Во вторник се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда во раните утрински часови сè уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.