Македонија
26. February 2016 - 23:20

Времето утре во Македонија ќе биде сончево

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од девет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 16 степени.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Во недела попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.