Врнежите продолжуаваат и ноќеска, на повисоките места снег
До крајот на денов ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, од над 20 литри на метар квадратен за 12 часа. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и во источните делови. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје во вечерните и ноќните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе дува умерен јужен ветер.
Според прогнозата на УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 метри надморска висина врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната од 9 до 16 степени.
Исто така, во вторник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци