Loading Video...
Свет
27. September 2022 - 12:24

Вселенско летало на НАСА успешно удри во безопасен астероид

Вселенско летало на НАСА, Дарт успешно удри во безопасен астероид, како дел од тестот, дали може да се смени неговата траекторија. Астероидот кој бил мета во тестирањето на НАСА бил оддале;ен на 11 милиони километри од земјата. Ваквиот принцип би можел да се искористи за спречување на судир на астероид со Земјата во иднина.

Камерата на Дарт испраќаше видео сигнали се до моментот на ударот во 160 метри широкиот објект наречен Диморфос, а видеото беше прекинато откако леталото беше уништено. Ненси Чабот,  една од контролорките која го координирашеираше движењето на Дарт, рече дека ова е голем успех на тимот, и верува дека експериментот ќе се покаже како успешен

Дарт се движел со брзина од 22.000 километри на час. Ударот се случил во 01.14 часот по средноевропско време, 10 месеци откако леталото беше лансирано од Земјата.