Македонија
27. September 2016 - 19:33

Втор ден протест на учениците Македонци од тетовската гимназија

Учениците од македонска настава во тетовската гимназија и утре нема каде да одат на училиште.

Иако денес заедно со родителите и професорите се сретнаа со претставници на локалната самоуправа, не им се дозволи да учат во централниот објект на гимназијата сио образложение дека нема законска можност за воведување три смени и покрај таквата заложба на градоначланичката на први септември. 

Не беа прифатени ниту нови предлози на родителите. 

Општината нуди настава да почне во некои од објекти на други установи каде гимназијалците учеа досега. 

Гимназијалците претхондо се собраа на градскиот плоштад од каде се упатија кон општина Тетово со протестен марш.