Loading Video...
Свет
18. May 2020 - 16:40

Втор посмртоносен бран на коронавирус ќе има во зима, предупредува СЗО

Втор посмртоносен бран на коронавирусот ќе има, но не во есен, туку во зима предупреди директор на Светската здравствена организација во Европа,  Ханс Клуге . Тој рече дека европските земји мора да се подготват за опасноста, затоа што пандемијата се уште не е завршена.  На земјите кои веќе ги ублажија мерките, Клуге им порача дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.

Според него, тоа што се намалил бројот на заразени лица во земјите како Велика Британија, Франција и Италија, не значи дека пандемијата ќе заврши наскоро. За нови жаришта ги посочи  Русија, Украина, Белорусија и Казахстан. Тој додаде и дека државите сега треба мудро да го искористат времето, односно да ги зајакнат капацитетите во здравствениот систем.

Повеќе од 100 земји го поддржаа барањето на Австралија, да се спроведе меѓународна истрага за потеклото на Ковид-19. 

Министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн, ја поздрави меѓународната поддршка и истакна дека целта на истрагата е светот подобро да се подготви за борба против следната пандемија.

Европската унија изготви резолуција, поддржана од десетици земји, вклучувајќи ја и Австралија, која доби поддршка и се очекува да биде одобрена на Собранието на Светската здравствена организација во Женева, оваа недела.

Кина се соочува со обвинувања дека на почетокот се обидела да го скрие ширењето на вирусот и дека доцна ја известила СЗО за ситуацијата.

Кина ќе испрати специјален тим за да утврдат од што точно починал кинескиот амбасадор Ду Веи во Израел, чие тело беше пронајдено вчера во неговата резиденција во Тел Авив, информираат израелските медиуми. Исто така  Полицијата веќе  почнала истрага, а според првичните сознанија не станува збор за убиство, бидејќи немало знаци на насилство. Доказите укажуваат на тоа дека починал во сон, од срцев удар.  57 годишниот амбасадор пред на биде назначен на оваа функција беше дипломатски претставник на Кина во Украина.