Македонија
2. February 2016 - 14:59

Втора кривична пријава за српскиот турист кој на смрт претепа охриѓанец за Новогодишната ноќ

Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матлиески од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели  М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на истите им овозможил уживање на наркотично средство - амфетамин.

Претходно против него беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „убиство на свиреп начин“.