Македонија
29. јуни 2016 - 17:11

Втора работна средба меѓу партиите и ДИК

Државната изборна комисија го прифати предлогот на СДСМ за прочистување на избирачкиот список.  Верификација на избирачкото право ќе се врши само на 40-те илјади гласичи кои се спорни за за опозицијата, бидејќи не биле пронајдени при теренските активности. За нив нема да има дополнителни проверки, туку според законските пропис ке добијат шанса да се запишат на избирачкиот список.

Дик во следниот период до политичките партии треба да поднесе и предлог методологија со која ќе се постапува во однос на повече од 170.000 гласачи кои најверојатно се иселени од Македонија, но тоа го немаат регулирано во Министерството за внатрешни работи. Според СДСМ овие граѓани нема да изгубат правото на глас, туку  ќе бидат дел од посебен извод од Избирачкиот список. Од ДУИ уверуваат дека на денешната работна средба, не се разговарало за бришење на гласачи.

За овие 170 илјади гласачи, Државна изборна комисија ќе треба да даде и конкретен предлог за промнена на Изборниот законик. За предлозите пак од денешната втора работа средба со политичките партии ДИК ќе треба да го утврди и можниот временски рок за исполнување.