Македонија
17. April 2021 - 19:58

Втора трансплантација на срце, органите на 20 годишната Верица Белчовска нова надеж за десетина пациенти

Во 3 часот и 33 минути во градите на 22 годишниот Иле Стрезовски од тетовска Брвеница почна да чука срцето на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново. На Државната кардиохирургија ноќеска успешно е направена втората трансплантација на срце. Младиот пациент од тетовско кој го доби ново срце после операцијата се чувствува добро. По будењето веднаш почнал да зборува и побарал ладен чај. Во болничката соба го посетија и неговите најблиски. Тие со многу емоции се заблагодарија на семејството Белчовски кои одлучија да бидат хумани и да ги донираат органите на нивната Верче која после тешката сообраќајка на 7 април во Струмица почина вчера на КАРИЛ.

-Прво да изразам сочувство на фамилијата на Верица и благодарност што му го продолжија животот на синот. Тој од 6 јануари боледува со слабо срце со 14 отсто работа и се бараше од тогаш донор. Разговараввме со синот, добар е сега, изјави Цветко Стрезовски, таткото на Иле Стрезовски.

Лидерот на тимот за трансплантација професорот Сашко Јовев рече дека на младиот Иле неопходно му било ново срце.

-Неговото болно срце пумпаше само со 10 проценти капацитет и единствена шанса за спас на неговиот живот беше трансплантација, изјави проф.д-р Сашко Јовев, директор на Клиниката за државна кардиохирургија.

Интервенцијата траела околу 5 часа, во тимот учествувале и лекари од Клиниката Жан Митрев.

-Венко Филипче, министер за здравство

-д-р Жан Митрев, кардиохирург

-д-р Маја Мојсова – национален координатор за трансплантација

Во текот на денот извршени се и две пресадувања на бубрезите на младата Верче. Органи добија двајца пациенти кои оделе на дијализа.

Д-р Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија.

Ноќеска за прв пат во Македонија беше направена и експлантација на коските на почината Верче. Тие ќе спасат 10 пациенти со карцином на кои поради болеста не може да им бидат вградени протези. Првата ваква интервенција идната недела ќе биде направена на Клиниката за ортопедија.