Loading Video...
Свет
23. January 2022 - 16:31

Вучиќ изјави дека добил листа од 7 лица поврзани со атентатот

По информацијата дека му бил подготвен атентат, српскиот претседател Вучиќ, синоќа изјави дека добил листа од 7 лица поврзани со атентатот. Списокот го добил од змеја членка на ЕУ.

Како можни причини за неговата ликвидација ги посочи борбата против наркокартелите во Србија, но и обидите земјата да се дестабилизра.

Веста за планирање атентат за Вучиќ ја обелодени српскиот министер за внатрешни работи Вулин кој рече дека за постоење на криминална организација која планирала атентат врз Вучиќ, алармирале од европската полиција.

Инаку српската јавност во послендите години неколку пати беше информирана за наводните постапки за атентат на Вучиќ.