Балкан
28. February 2022 - 20:42

Вучиќ: Не знам колку е опасно Косово да стане членка на НАТО

Александар Вучиќ, претседателот на Србијаизјави дека во овој момент не може да процени колкава е „реалната опасност“ Косово да стане членка на НАТО, што беше пласирано од Приштина како барање, но дека ситуацијата не е „нималку наивна“ и дека за таа идеја слушнал и пред околу половина година од српските безбедносни служби, јави дописникот на МИА од Белград.

„Без разлика дали уште некој ќе го признае Косово како независно, ние остануваме посветени на меѓународното јавно право и се грижиме за нашиот територијален интегритет“, изјави денеска Вучиќ.