-->
-->
Вучиќ: Приштина да направи отстапки за Србите да учествуваат на нови избори
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Приштина мора да направи одредени отстапки за Србите да учествуваат на нови избори на северот на Косово. Според него, Србите на северот на Косово се секогаш подготвени за разговори, но за возврат мора да им се понуди нешто, јавија српски медиуми пренесувајќи извадоци од негово интервју за Ројтерс.
„Сите Срби на север веруваат дека Србија е нивна земја, а не Косово. Тоа е реалноста“, рече Вучиќ во интервјуто.
Тој посочи дека Заедницата на српските општини се уште не е формирана, а косовските специјалци и албанските градоначалници се уште не се повлекле.
Одговарајќи на обвинувањата на косовската претседателка Вјоса Османи која го обвини Белград за мешање во изборниот процес на северот на Косово, Вучиќ рече дека „тоа што овие луѓе го зборуваат е застрашувачко“.
Според него, косовскиот премиер Албин Курти не е подготвен за компромис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари