Loading Video...
Балкан
7. July 2020 - 20:41

Вучиќ: Ситуацијата е алармантна во Белград, од петок до понеделник полициски час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во одржаната прес конференција соопшти дека во Белград се враќа вонредната состојба. Ситуацијата во Белград е аларманта и сериозна како и во уште четири града во Србија, но сега за сега

Белград е со најкритична слика. 

-Од утре ќе бидат забранети секакви јавни собири на повеќе од 5 луѓе било во затворен или отворен простор, а од петок до понеделник ќе има долг полициски час, рече Вучиќ.

Во понеделник српската влада ќе разговара и ќе донесе одлука за понатамошниот тек на настаните.