-->
-->
Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија е на историски максимум во резервите на природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.
„Обезбедивме 262 милиони кубни метри гас во нашиот дел од магацинот во Банатски двор, а купивме уште 200 милиони кубни метри кои ги складиравме во Унгарија, само за потребите на Србија“, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „будуќностстбијеав“.
Тој додаде дека државата ги ремонтира сите термо капацитети што може и се обидува да отвори нови наоѓалишта на јаглен.
„Сѐ на сѐ, сигурен сум дека граѓаните на Србија ќе имаат барем за нијанса помалку студена зима од она што го очекувавме“, изјави Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривични за двајца велешани кои со скенер - принтер си фалсификувале пари
-
Ограбено казино во Скопје: Две лица прво го нападнале обезбедувањето, а потоа украле пари
-
Групна тепачка пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје
-
Командант на КФОР: Курти е виновен за кризата со општините, ја употреби и полицијата без овластувања
-
Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната
-
СПМ: Нереална и провидна е лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“
-
Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори
-
Четиринаесет возачи од Тетово и Гостивар санкционирани поради присуство на алкохол