Балкан
7. March 2017 - 10:41

Вучиќ: Србија наскоро ќе има десет авиони МИГ-29

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија мора да ги зајакне своите Вооружени сили и превентивно да има подготвена армија.

- Тоа не значи дека се подготвуваме за судири. Тоа значи дека сме подготвени да го спречиме секој што мисли дека Србија е лесна мета, истакна синоќа Вучиќ.

Тој нагласи дека „кога бил министер за одбрана, Србија имала само еден авион од типот МИГ-29, а наскоро ќе има десет“.