Балкан
27. October 2015 - 19:46

Вучиќ во Москва: Некој многу сака да го дестабилизира Западен Балкан

Некои  сили вложуваат многу напори за да ги дестабилизираат односите на Западниот Балкан. Ова го истакнал  премиерот на Србија   во Москва каде учестува  на руско-српскиот бизнис форум, пренесуваат српски медиуми. Вучиќ  не сакал  да посочи за кои сили се работи, но изјавил дека тоа е доволно очигледно. Тој додал  дека Србија, и покрај тоа, ќе направи се за да ги зачува стабилноста и мирот во регионот.

ЕУ и Косово ја потпишаа Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Европската унија и Косово ја потпишаа  Спогодбата за стабилизација и асоцијација со што се отвора патот за членство на Косово во Унијата. На потпишувањето во Стразбур присуствуваа косовскиот премиер Иса Мустафа, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи Федерика Могерини.

350 згинати во вчерашниот земјотрес во Јужна Азија

Билансот на загинатите во вчерашниот земјотрес што вчера го   погоди граничното подрачје меѓу  Авганистан и Пакистан  достигна 350 лица. Се очекува бројот на жртви да расте. Од потресот со јачина од 7,5 степени сппоред  Рихтеровата скала урнати се голем број градби, а предизивкани се и повеќе одрони и свлечишта. Војската и спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до најтешко погодените реони.Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун  изјави дека агенциите на Светската организација се подготвени да реагираат доколку тоа  од нив биде побарано.

Уапсени 30 осомничени милитанти во Турција

Турската полиција  утрово привела  30 лица  под сомение   дека се членови на Иламска држава. Апсењата се извршени во градот Коња во централна Турција. Вчера седум осомничени милитанти беа убиени а 12 уапсени за време на полициската рација во  градот  Дијарбекир. Во изминатите недели турските сили за безбедност презедоа голем број операции против џихадисти од Исламска држава.