Вучиќ: Во септември во Берлин или Париз продолжуваат разговорите за Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека „во септември треба да има некаков вид продолжување на преговорите, во Берлин, односно во Париз, каде што е планирано да се сретнат лидерите од Белград и Приштина“.
-Потребно е некое време за повторно да се говори за некои работи. Мразам да ја префрлам вината на другата страна и да говорам за таксите и не знам што, ајде да почекаме големите сили да си ја завршат својата работа, па ние, исто така, ќе излеземе со она што е наше, кажа Вучиќ откако заедно со францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со студентите, на крајот од посетата на францускиот претседател на Белград..
На прашањето за поддршката на Макрон кон Србија, Вучиќ изјави дека францускиот претседател ја разбира тежината на проблемот и додаде дека работите не можат да се решат, доколку никој од било што нема да отстапи.
-Побарав поддршка за да разберат дека ова не може да се реши така како што секој од нас би сакал да биде, туку да биде нешто помеѓу, рече Вучиќ.
Тој рече дека компромисот не е слабост туку сила, и додаде дека секогаш ќе се залага за компромис кој не е предаство и отстапување, туку вистински компромис.
-Ако видат дека Србија е скапана, гнило јаболко, секој лесно ќе го земе, а ако го видат тоа како орев, тогаш тоа не е лесно да се скрши, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела