Вујо вмешан во „покер“ рекет во Словенија?!
По написите во словенечките медиуми дека Веселин Вујовиќ додека бил селектор на Словенија им барал на ракометарите по 300 евра за да играат покер, во официјално соопштение ракометарите ги демантираат шпекулациите како „злонамерни“.
„Се работи за смешни вести и категорички ги отфрламе. Тврдењата дека игравме покер за да купиме место во репрезентацијата се навредливи, злонамерни и невистинити. Ракометарите беа свесни дека не пружаа најдобри партии последните година и пол и затоа дојде и одлуката за промена на тренерот од страна на Словенечкиот ракометен сојуз. Играчите не ги наметнаа, ниту ги извршија тие промени“, се вели во соопштението.
Тие исто така му се заблагодарија на Вујовиќ за соработката.
„Чувствуваме дека многумина сакаат да има конфликт меѓу ракометарите и поранешниот тренер, но тоа нема да се случи. Му благодариме на господинот Вујовиќ за остварените резултати во последните четири и пол години и му посакуваме среќа во кариерата. Заедно се веселевме на Олимпијадата во Рио и на првенството во Париз“, се додава во известувањето.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право