Балкан
18. October 2017 - 21:18

Вулин ги повика косовските Срби да гласаат за Српската лист

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска ги повика Србите во Косово што помасовно да излезат на локалните избори на 22 октомври и да гласаат за Српската листа.

- Ги повикувам да излезат во што е можно поголем број, да гласаат за Српската листа и никому да не доволат да одлучува на место нив. Тие живеат во Косово и Метохија и најдобро знаат дека Српската листа е врската со Владата на Србија, таа е гаранција дека Владата ќе продолжи да го финансира животот на Косово и Метохја и ќе продолжи да биде решавачки фактор на Косово и Метохија, изјави Вулин.

Тој посочи дека изборите во Косово секогаш биле важни за Србите и дека тие на нив „одлучуваат за својата судбина, ја превземаат судбината во свои раце и не дозволуваат кој било да решава место нив“.

- Србите на Косово и Метохија се политички зрели и храбри. Тие ја сакаат својата земја и ќе донесат најдобра одлука, а јас ги повикувам да гласаат за Српската листа, нагласи Вулин.

Локалните избори во Косово ќе се одржат в недела 22 октомври.