Loading Video...
Фудбал
12. July 2020 - 15:45

Вулверхемптон се приклучува во трката за место во Лигата на шампионите

 
Екипата на Вулверхемтон забележа победа со 3-0 против Евертон, а со освоените три бодови популарните „Вулфси“ сега се и во позиција да ги нападнат местата кои носат пласман во Лигата на шампионите. 
 
Вулверхемптон поведе во финишот на првиот дел од пенал со голот на  Мексиканецот, Хименез, а по само минута игра во второто полувреме Белгиецот, Дендокер го постигна вториот гол, додека Португалецот, Диего Жота беше стрелец на третиот гол. 
 
„Вулфси“  сега се на 6.место со 55 бодови, само четири помалку од Честер, односно пет помалку од Челзи, а заедно и со Манчестер Јунајтед ја сочинуваат четворката на екипи кои ќе се борат за двете места што водат во Лигата на шампионите, покрај оние на Ливерпул и Манчестер Сити кои се сигурни патници во елитното друштво