Џет-Сет
3. October 2016 - 12:54

„За малку ќе останев без прст“ - актерката во агонија по одморот во Турција

Линдзи Лохан неодамна имала мала незгода, додека со пријателите патувала со брод. Кога се укотвиле во Турција, Линдзи сакала да биде корисна и да го подигне сидрото, меѓутоа раката и се заглавила и по кратката борба останала без дел од прстот, пренесува ТМЗ.

foto Profimedia

"За малку ќе останев без прст. Всушност останав без половина прст, но фала богу ја пронајдоа другата половина. Имав операција и многу ме боли“, соопшти Линдзи.