Фудбал
25. July 2020 - 9:34

За Мустафи заврши сезоната

Во преостанатите натпревари од сезоната 2019/20, Арсенал нема да може да смета на дефанзивецот на Шкодран Мустафи, објавија „топчиите“ на клупската официјална веб-страница.

Мустафи се повреди за време на полуфиналето на ФА Купот против Манчестер сити (2-0). Времето на закрепнување на фудбалерот сè уште не е познато.

Но, Мустафи дефинитивно нема да игра на натпреварот од 38. коло против Ватфорд (26 јули) и во финалето на ФА Купот против Челзи (1 август).

Оваа сезона, 28-годишниот Германец има одиграно 27 натпревари за Арсенал на сите турнири и постигна еден гол.