Македонија
25. September 2021 - 16:45

За премиерот Заев не е спорна фашистичка Бугарија, туку придавката бугарски фашистички окупатор која оквалификува цел народ

Нацистичка Бугарија не е исто со Република Бугарија. Премиерот Заев вели дека историските факти кои земји биле дел од фашистичкиот пакт не се спорни и никој не може да ја промени историјата во овој дел. Сепак има простор за промена на придавката „бугарски“ која го карактеризира целиот народ. 

Исто како и вицепремиерот Димитров и премиерот Заев го дели мислењето дека Буагрија ги прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство кој предвидува поддршка на македонската европска интеграција. Следниот напредок во разговорите може да се направи по изборите во двете земји, но овој пат Македонија нема да прави отстапки без гаранција дека Бугарија ќе даде зелено светло за старт на преговорите.

Од друга страна пак универзитетскиот професор Тони Дескоски кој беше во македонскиот тим при прцесот против Грција во мјеѓународниот суд во Хаг кој земјава го доби, преку социјалините мрежи вели дека ваквите тврдења на државниот врв не се логични.

- Никако не можам да разберам како Бугарија можела да го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, во ситуација кога има само обврска да го сподели своето искуство со нас за да ни помогне во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, пишува Дескоски на Фејсбук.