Бизнис
24. March 2018 - 16:05

За првпат во историјата просечната нето плата е над 24.000 денари

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари.
 
Воедно, ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес.
 
Зголемувањето на минималната плата којашто сега за сите работници изнесува 12.000 денари ја откочи спиралата на раст на плати, а раздвижувањето на економијата дава реално видливи резултати.
 
Ова е уште еден во низата показатели што ги потврдува успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и докажува дека економијата се движи во позитивна насока.
 
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на Планот за економски раст и мерките што обезбедуваат нови работни места, поголема помош за претпријатијата, повисоки плати, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.