Бизнис
16. December 2020 - 12:56

За разлика од угостителите обложувалниците и казината ќе продолжат да работат и по 18 часот

За разлика од угостителите обложувалниците и казина ќе продолжат да работат и по 18 часот, но нема да можат да служат храна и пијалоци. 

Засега нема да има ограничување на нивното работно време. Но по гласините во јавноста дека е можно славење на Нова Година во објектите за игри на среќа министерот Бектеши посочи дека тоа нема да биде дозволено.

- Не го знам бројот на казина и обложувалници кои даваат угостителски услуги, но правилата важат секаде каде се служат храна и пијалоци и мора да се почитуваат, истакна министерот Бектеши.

 

Ирена Чачкова