Бизнис
22. September 2019 - 16:44

За шест месеци само 55,6 милиони евра инвестиции

Ќе успее ли земјава годинава да го достине ланскиот резултат по обем на странски директни инветсиции? 2018 беше рекордна на овој план, во земјава влегоа вкупно 625 милиони евра СДИ.

Годинава, барем во првото полугодие, бројките се поразителни. За шест месеци од 2019 во државата се слеале само 55,6 милиони евра инвестиции, во истиот период лани бројката изнесувала 312,7 милиони.

На што се должи слабото темпо со кое странските компании олдучуваат да инветсираат во земјава? Стопанствениците велат дека главниот проблем е непредвидливноста, односно честата промена на законската регулатива со која се зголемуваат даноци или се покачува минималната плата.

Власта пак смета дека финансиската поддршка која ја нуди државата на инвеститорите ќе ги даде резултатите. Главно за владата е да не се прави разлика меѓу домашните и странските компании и тие да имаат еднаков третман.

Преку дирекцијата за технолошко развојни зони годинава 19 компании добиле државна помош, а во следниот период поддршка ќе добијат уште 8. Според официјалните податоци, во зоните во моментов се градат 19 фабрики, а надвор од нив уште 6-7.

Според специјализираното издание на ФТ за странски инветсиции, во периодот од јуни лани до мај годинава Макеоднија забележаќа раст на инветициите од 200%.

Но, дури 70% од сите инветсиции наменети за регионот на Западен Балкан завршиле во Србија каде за една година имало близу 6 милијарди долари СДИ.