Балкан
11. January 2021 - 17:52

За влез во Црна Гора не е задолжителен ПЦР тест

Црногорската министерка за здарвство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ денеска изјави дека се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот, но оти останува забраната за прославата на Василица. Таа истакна дека за влез во Црна Гора не е потребен тест Ковид-19.

– Забраната за прослава на Нова година според Јулијанскиот календар е забранета на отворено и во затворен простор, истакна Боровиниќ-Бојовиќ.

Таа наведе дека угостителските објекти ќе продолжат да работат од седум до 20 часот, но останува забраната за музика во живо.