Loading Video...
Свет
3. August 2020 - 20:54

За време на конститутивната седница на српскиот парламент група граѓани го блокираа сообраќајот, фрлаа јајца и домати врз зградата на Народното собрание

За време на конститутивната седница на српскиот парламент, поголема група граѓани предводени од лидерот на опозициското движење “Доста” Саша Радуловиќ го блокираа сообраќајот и фрлаа јајца и домати врз зградата на Народното собрание.

Демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот, при што еден од нив е приведен.

Српското опозициско движење  и синоќа одржа протестот пред Парламентот, тврдејќи дека изборите се фалсификувани.

Изборите за пратеници на Собранието на Србија се одржаа на 21 јуни, а со големо мнозинство победи листата на претседателот Александар Вучиќ.

Иран ја криеле вистинската бројка на починати од Ковид-19. Бројот на мртви во земјата е три пати поголем од она што го тврди владата, покажува истражување на Би-Би-Си.

Според интерни информации, речиси 42 илјади луѓе со симптоми на Ковид-19 починале до 20-ти јули, додека од иранското министерство за здравство официјално се регистрирани 14 илјади 405 починати лица.

Истражувањето на Би-Би-Си покажува и дека бројот на луѓе кои биле инфицирани со вирусот исто така е двојно повисок од официјалните бројки – 451 илјада, наспроти 279 илјади колку што се соопштува во јавноста.

Британците ќе пијат и јадат во ресторани по половина цена. Владата реши да покрене акција „Јади во ресторан, помогни му на ресторанот” и ќе ги субвенционира сметките на граѓаните за 50 отсто но најмногу до 10 фунти по посетител.

Акцијата ќе трае во текот на месецот и ќе се спроведува в понеделник, вторник и среда, деновите кога се најмалку посетени рестораните.

Целата на акцијата е да им се помогне на угостителите кои се справуваат со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72 илјади угостиелски ресторани.