Македонија
1. March 2017 - 0:01

„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“: Истакнете македонско знаме на вашите прозори и балкони, развејте ги боите на Заедничка Македонија!

-Ви благодариме на сите за огромната поддршка кон иницијативата за Заедничка Македонија!, нашиша организаторот на протестите на официјалната ФБ група.

Црвено жолтата линија за зачувување на државата сме сите ние, и кога сме заедно, сме непобедливи. Црвено жолтата линија на унитарна Заедничка Македонија е секој еден од нас. И во поддршка на боите на Македонија, ве повикуваме сите да истакнете македонско знаме на вашите прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи вашата црвено жолта линија со која исцртувате: Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!

Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација.

Развејте ги боите на Заедничка Македонија!

(ФБ статус на ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА)