-->
-->
Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април
-->
Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година.
Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 починале девет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 68, додека пак регистрирани се 60 нови случаи на заразени, односно вкупно 1.673 од почетокот на епидемијата, согласно податоците соопштени попладнево на редовната секојдневна прес конференција во Министерството за здравство на Грција,
Од хоспитализираните лица, 92 се приклучени на апарати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња