Македонија
1. July 2022 - 8:03

Заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици во Софија

Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.