Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија ќе препорача старт на преговорите во јуни
Во Европскиот парламент во Стразбур денеска се одржува 16-та средба на Заедничкиот парламентарен комитет Европска Унија-Редпублика Северна Македонија, последен во овој состав на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Заедничкиот парламентарен комитет го претседаваат македонскиот парламентарец Горан Милевски и словенечкиот европарламентарец Алојз Петерле. Во собраниската делегација се наоѓаат уште и пратениците Никола Мицевски, Соња Мираковска, Шпреса Хадри, Мерал Узеири Ферати и Жаклина Лазаревска.
Тие заедно со нивните колеги од Европскиот парламент ќе имаат размена на мислења со претставници на Владата, претставувана од заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и на Европската комисија и Дејвид Кулен, одговорен за македонското досие во ЕК.
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во рамките на посетата на Европскиот парламент во Стразбур, имаше повеќе средби со евро-пратеници од различни политички групи.
На состаноците со европратениците Едуард Кукан (ЕНП, Словачка) и Иво Вајгл (АЛДЕ, Словенија), кои се известители за нашата држава, со Илхан Кјучук (АЛДЕ, Бугарија), Кати Пири (СД, Холандија) и Виктор Боштинару (СД, Романија), стана збор за динамиката на спроведување на клучните реформските области, за внатрешно-политичките случувања, а се разговарало и за предизвиците со кои се соочува Европската унија во моментов.
На своите соговорници тој им изрази надеж дека позитивните случувања ќе бидат објективно пренесени во наредниот извештај на Европската Комисија, „што ќе претставува основа за потврдување на одлуката од страна на Европскиот совет во јуни, за конечен почеток на преговорите со Република Северна Македонија. Заменик министерот изразил и благодарност до европратениците за нивните заложби за негувањето на политичкиот дијалог.
Соговорниците, како што велат од македонската делегација, биле согласни дека Република Северна Македонија, за еден многу краток период, стана пример на држава која продуцира позитивни резултати на планот на внатрешните реформи, земја која потпиша пристапен протокол за членство во НАТО и земја-модел која со решавање на голем историски конфликтни ситуации ги претвори во одржлива заедница на пријателство и доверба.
На крајот од денешниот заеднички парламентарен комитет,
Македонската делегација добила уверувања од европратениците дека на крајот од денешниот заеднички парламентарен комитет ќе биде усвоена препорака за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ во јуни годинава.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња