Заев: Долгот на државата кон стопанството не очекувам да надмине 700 милиони евра
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека долгот на државата кон стопанството не очекува да надмине 700 милиони евра.
- Се уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис заедницата да надмине 700 милиони евра, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.
Заев потенцира дека секој инвеститор што ќе почне гринфилд во Македонија, независно дали е домашен или странски, ќе добие целосна поддршка и истите услови ќе важат за сите подеднакво.
Во однос на инспекциските служби, премиерот подвлече дека тие ќе бидат пред се во функција на превенција и ќе издаваат предупредувачки мерки, наместо да казнуваат како што досега беше пракса.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс