Македонија
28. August 2018 - 16:56

Заев е убеден во успешен референдум и 80 пратеници за уставни измени - Мицкоски смета дека тоа нема да успее

Успешниот референдум и големата поддршка од граѓаните ќе го обезбедат двотретинското мнозинство за промена на Уставот во Собранието. Премиерот Заев убеден дека мнозинството граѓани ќе излезат на гласање

Заев вели дека за кампања за референудмот неговата партија ќе потроши далеку помалку од сумата која за оваа намена Владата му ја обезбеди на Собранието. Премиерот додава дека ќе настапи во коалиција со албанските партии и дека очекува трошоци за СДСМ не повисоки од 400.000 евра.

За разлика од Заев, кај опозицискиот лидер нема оптимизам кога е референдумот во прашање. Мицкоски во интервју за Алфа вели дека и во Владата се свесни дека имаат лош Договор и дека се големи шансите референдумот да не успее. Повторувајќи го ставот дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име, Мицкоски вели дека не знае од каде Заев ќе најде 80 пратеници во Собранието

Во пресрет на референдумот и власта и опозицијата најавуваат интензивна теренска агенда. Владата заедно со партиите од мнозинството ќе води кампања за поддршка нареферендумот а ВМРО-ДПМНЕ на партиски митинзи низ Македонија ќе ги објаснува штетите од она што Македонија и Грција го договорија во Преспа