Македонија
14. September 2021 - 11:03

Заев ги демантира обвинувањата дека му дал „бомби“ на Груби

Премиерот Зоран Заев за „Слободен печат“ изјави дека најостро ги демантира обвинувањата против него дека на првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби му дал необјавен материјал од „бомбите“ (прислушуваните разговори), со цел тој да биде „моќен“ во ДУИ.

– Целосно ги негирам овие инсинуации. Не е точно дека некој некому дал некакви материјали за да биде моќен. Материјалите се предадени на обвининителството уште во 2017 година. Целосно ги отфрлам овие обвинувања како неточни и тенденциозни. Груби по функција е прв вицепремиер затоа што така одлучил коалицискиот партнер ДУИ. Тој исто така е секретар на ДУИ колку што знам јас – изјави Заев.