Заев: Граѓаните од Северна Македонија чекаат Европа да ја исполни својата задача (видео)
На двегодишнината од формирањето на Владата, премиерот Зоран Заев посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период посочувајќи дека суштинските промени се забележани и во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија. Заев нагласи дека сега граѓаните на Северна Македонија и Владата чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори.
Задачите што ги исполни Владата, рече премиерот, донесоа суштински промени: ослободување на државата од заробеност, процес на деинсталација на режим и интеграција на земјата како пример кој блеска на Балканот.
– Барем така велат европјаните во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја, но Извештајот не е доволен за граѓаните на Северна Македонија. Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во Северна Македонија се Европјани. Европјаните од Северна Македонија и Владата на Северна Македонија чекаат јасен потег од Европската унија, потенцираше Заев.
Граѓаните, како што кажа, ги прифатија политиките кои ни обезбедија да бидеме капетани на нашиот брод и како капетани на тој брод да го насочиме кон мирните води и сигурните пристаништа – во нашиот случај Европската унија и НАТО. За неполни две години, потсети Заев, ги решивме сите отворени прашања со нашите соседи го решивме спорот со Грција, а претходно и со Бугарија.
– Наша должност беше да го зачуваме македонскиот идентитет. Го зачувавме, го потврдивме и го зајакнавме, дециден е премиерот.
Во своето обраќање премиерот наброја низа мерки и резултати што се постигнати во сите области и за она што би требало да се очекува. Заев исто така кажа дека уште по неговиот избор побарал поддршка и соработка со опозицијата, која, како што рече, кога беше на власт ја уназадила земјата.
– Го повторуваме барањето постојано зошто сметам дека Северна Македонија треба да ја градиме и понатаму со консензус од мнозинството од граѓаните. Опозицијата треба да го препознае тоа, да го даде својот придонес и да се вгради во остварувањето на интересите на Република Северна Македонија во интерес на сите граѓани, рече Заев.
На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата, што се уште е во тек, се обратија и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.
На форумот присуствуваат претставници на дипломатскиот кор, на верските заедници, претставници на бизнис заедницата и други.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто