Заев – Холтхоф Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.
На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Македонија. Изразена е силна поддршка и за евроатлантските перспективи на нашата држава, во кои се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа, , соопшти владината прес-служба.
Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација.
Премиерот Заев се заблагодари за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка, Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата, со оглед дека Германија е меѓу најголемите економски партнери на државава.
-Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евроатлантските интеграции, рече премиерот Заев.
На средбата е разговарано за можностите за продлабочување на соработката во сите области, се вели во соопштението од влаидната прес-служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните