Бизнис
6. March 2019 - 8:32

Заев и Анѓушев во посета на ЕуроНикел Индустри, па на економска трибина во Кавадарци

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ќе го посетат комбинатот ЕуроНикел Индустри, поранешен ФЕНИ.

За време на посетата, Заев и Анѓушев ќе бидат придружувани од директорот на матичната компанија на ЕуроНикел, ГСОЛ, Маркос Камхис, како и од директорот на ЕуроНикел Индустри, Герасим Кујунџиев.

Премиерот и вицепремиерот потоа ќе учествуваат на економската трибина „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци на која, како што најави владината прес-служба, ќе дебатираат заедно со граѓаните.