Македонија
10. March 2019 - 16:09

Заев и Мицкоски вечерва на средба ќе ја решаваат судбината на СЈО

Вечерва во 20 часот премиерот Заев и опозицискиот лидер Мицкоски на заедничка маса во Владата. На лидерската средба според најавите од двете страни ќе се разговара за претстојните претседателски избори а ќе се направи обид да се изгради заеднички став за новиот закон за СЈО.

Премиерот Заев уште вчера најави дека ќе се направат напори да се усогласат реформските закони кои треба да го отворат патот до старт на преговорите со европската унија

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски ќе го реафирмира барањето опозицијата да го предлага новиот јавен обвинител.

Од партијата велат дека имаат бројни забелешки на новиот закон за јавното обвинителство кој треба да го реанимира СЈО кое за партијата работи непрофесионално и селективно и претставува продолжена рака на власта за политички прогон.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од премиерот ќе бараат и гаранции за фер изборна атмосфера и да не се повтори ситуацијата од референдумот кога еден гласач своето право на глас го остваруваше за 2 секунди.

Дел од пратениците на опозицијата велат дека можат да го прифатат новиот закон за СЈО но само ако се гарантира почитувањето на човековите права

Заев и Мицкоски последен пат се сретнаа пред 8 месеци да разговараат за предлогот на премиерот земјава да се вика Илинденска Македонија.