Македонија
22. February 2021 - 11:55

Заев: Јас и народот сме разочарани што се уште не е пронајден Сашо Мијалков

По сведочењето во случајот „Титаник“ премиерот Зоран Заев во својата изјава рече дека е разочаран поради бегството на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

- Како и целнoт народ, така и јас, сме разочарани што сѐ уште не е пронајден и не е приведен. Односно, не е однесен во домашен притвор. Барам веднаш да постапат институциите и да го пронајдат Сашо Мијалков, рече Заев.

Рече дека очекува одговорност од институциите кои затаиле во спроведување на Законот.