Македонија
18. March 2019 - 14:32

Заев: Јавно кажувам дека амнестијата се случи кога требаше двотретинско мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема најави за нова амнестија.

Како што рече Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, беше донесен во моменти кога беше потребно двотретинско мнозинство за уставните измени.

-Нема потреба повеќе од таа работа, нема такви случаеви. Ниту некој планирал ниту било што. Законот за амнестија се случи во рамки на помирувањето, тоа е многу сериозен процес, кога на државата и требаше двотретинско мнозинство, јавно го кажувам тоа и не бегам од тоа. Верувам дека парламентот нема потреба повеќе да посегнува по вакви работи затоа што овој случај беше јасно издиференциран, каде се одделија сите кои учествуваа во организација на насилство, од оние кои беа заведени во таквиот случај. Не верувам дека никој од институциите, ниту Министерството за правда, ниту претседателот, ќе отвори ваков случај на амнестија, рече Заев.